19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: 2019 ќе биде година на економски раст и повеќе пари кај граѓаните

Со усвојувањето на уставните измени Македонија отвори нова, светла страница на иднината, стабилноста, безбедноста и економскиот напредок, велат од владејачкиот СДСМ и додаваат дека спроведувањето на договорот од Преспа ги отвора перспективите бидејќи процесите за членство во НАТО и ЕУ се во финална фаза.

Од таму додаваат дека 2019 ќе биде година на интергација, но и година на економски раст и развој и повеќе пари кај граѓаните.

„Македонија станува 30. земја членка на НАТО, а во оваа 2019 година се очекува и почеток на преговорите за членство во Европската Унија и отворање на првите поглавја. Предвидено е уште едно зголемување на минималната плата, што значи повеќе пари кај работниците, кај семејствата. Платите ќе растат во сите сектори, вработените во здравството, образованието, детската и социјална заштита, одбраната, судството, полицијата добиваат поголеми плати за 5 отсто, а преку зголемената помош за претпријатијата, платите ќе растат и во приватниот сектор“, стои во партиското соопштение.

Од СДСМ информираат за уште една, како што велат, клучна мерка годинава, а тоа е дека граѓаните ќе добиваат поврат на ДДВ од 15 отсто за купените производи или платените услуги, со што во секое семејство ќе се обезбеди дополнителен годишен приход.

„Реформираниот систем на социјална заштита ќе обезбеди лицата приметли на социјална помош да добиваат и до 300 отсто зголемена социјална помош, а ќе се зголеми и опфатот на деца што ќе добиваат детски и образовен додаток“, нaведуваат од владејачката партија истакнувајќи дека Владата продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат напредок, интеграција, економски раст и повисок животен стандард за сите граѓани.

Спонзорирано: