12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Градоначалникот на Гдањск избоден со нож на бина пред публиката

Градоначалникот на полскиот град Гдањск, Павел Адамович, синоќа бил избоден на бина за време на хуманитарен настан. Тој се наоѓа во тешка здравствена состојба.

Обезбедувањето го совладало напаѓачот, а полицијата го уапсила.

Полскиот претседател Андреј Дуда изјави дека лекарите успеале да го реанимираат срцето на тешкоповредениот градоначалник Адамович и дека постои надеж, но оти неговата состојба е многу тешка.

27-годишниот маж, кој е осомничен за нападот од бината, извикал дека невин лежел во затвор додека на власт била партијата Граѓанска платформа, чиј член претходно беше Адамович, кој е градоначалник на Гдањск од 1998 година.

Спонзорирано: