7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Фајненшал Тајмс анализира: Што ќе се случи со Македонија, регионот и ЕУ ако деновиве падне Ципрас?

Голем е влогот со гласањето на доверба на Владата на Ципрас откако коалициониот партнерот на Сириза се повлече од владата, поради договорот со Македонија, пишува угледниот Фајненшал Тајмс (FT).

Влогот, според “Фајненшал тајмс”, е висок не само за грчкиот премиер Ципрас, туку и за Скопје, но и за Балканот и за ЕУ.

Билатералниот договор меѓу Атина и Скопје кој се потпиша минатата година, а предвидува дека соседот на Грција да го промени своето име во Република Северна Македонија, што значи крај на речиси три деценискиот спор што изби по распадот на поранешна Југославија и го отвори патот за Скопје да влезе во НАТО и ЕУ, што ќе биде поттик и за петте соседи од Западен Балкан, кои, исто така, сакаат да се приклучат на европскиот блок, според британскиот весник.

Во анализата се наведува дека Ципрас сега мора да се избори за мнозинство во парламентот, каде што неговата партија има 146 од 300 места, на што FT додава дека евентуалниот неуспех ќе фрли сомнеж на договор за промената на името на Македонија, кој во петокот го одобри македонскиот парламент, но треба да биде ратификуван и од грчката страна.

Весникот потсетува дека договорот за решавање на спорот, кој се потпиша во јуни е од клучно значење за договор за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Скопје, и покрај загриженоста на некои членки на владеењето на правото и организираниот криминал во Македонија.

Поддржувачите на проширувањето на ЕУ веќе се борат да ги убедат скептичните земји како Франција и Холандија дека Македонија има направено значителен напредок во реформите потребни за почеток на пристапните преговори.

Дебата во Атина сега се заканува како несакана пречка за оние во ЕУ кои сакаат да ги внесат нејзините соседи од Западен Балкан, додека Британците – веројатно излегуваат, пишува FT.

Спонзорирано: