7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Забрана за камиони на патот Дебар-Струга

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Дебар-Струга.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ потсетува дека од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март.

Спонзорирано: