12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Демократски сојуз: Со преспанскиот договор треба да се затвори поглавјето на поделби

Демократскиот дојуз смета дека со имплементација на Преспанскиот договор треба да се затвори поглавјето на меѓусебни обвинувања и поделби и сите заедно, сполотени и со верба во иднината да тргнеме напред.

„Вистина е дека нема Македонец кој се радува што се менува името на државата, но непобитен факт е дека овие болни процеси ги отвораат вратите на Македонија кон европските стандарди и вредности. Евроатланските процеси се моторна сила и само од нас зависи членството на Македонија во НАТО и интеграцијата во Европската Унија“, вели партијата преку соопштение.

Преспанскиот договор е завршена работа, велат од Демократскиот сојуз, но сега треба да ги засукаме ракавите и да работиме, да ги забрзаме реформите, да обезбедиме законите да важат подеднакво за сите, да се спротивставиме на криманалот и корупцијата, да создадеме услови за бизнис и нови работни места, за развој на спортот и за враќање насмевката кај сите граѓани.

„Ние сме за создавање амбиент и услови за одржување на демократски и фер претседателски избори, како и за парламентарни избори но во редовниот законски рок (2020 година). Во овие историски моменти потребно е разумно и одговорно однесување, како битни предуслови за стабилност и јакнење на внатрешната кохезија и единство“, се додава во соопштението на Демократскиот сојуз.

Спонзорирано: