Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Утрово трагедија во Македонија: Загина 15 годишно девојче, има повредени

На 12.01.2019 година во 04,30 часот било пријавено дека на излез од Струмица кон с.Дабиле, патничко моторно возило „Фолксваген кеди“ со струмички регистерски таблици, управувано од Ф.С.(21) од с.Радово-струмичко, излетало од патот, дознава Centar.mk

На местото на настанот починала сопатничка на возраст од 15 години од с.Радово-струмичко.

Возачот и другата сопатничка Н.С.(20) со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Медицинскиот центар во Струмица за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот се врши од страна на увидна екипа од СВР-Струмица.