4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ реагира на пресот на Мицкоски: Неговите муабети се „бла бла“ и „дрн дрн“

Христијан Мицкоски, веќе зборува како Јанко Бачев, ниско, на ниво карактеристично за фрустритани, поразени и неуспешни политичари, загубени во сопствената неспособност, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, по прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој повика на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.

„’Бла бла’ и ‘дрн дрн’ муабетите на Мицкоски многу соодејствуваат со него и неговите антизападни, политички промашени делувања. Мицкоски ќе остане запаметен како човек кој заедно со Груевски, Иванов и Бачев работеше против иднината на граѓаните и Македонија во ЕУ и НАТО, но неуспеa, беше поразен“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Владејачката партија повтори и денеска дека моментот кога ќе има избори, не зависел од желбите на Мицкоски, туку од приоритетите на граѓаните и државата.

СДСМ оцени дека Македонија оди напред, а ЕУ, НАТО и САД, честитале на историската одговорност на граѓаните и пратениците, поздравувајќи го усвојувањето на уставните измени кои го отвораат патот кон полнаправно членство во ЕУ и НАТО.

„Пријателите од светот застанаа зад Македонија и сите нејзини граѓани. Поразените Мицкоски и Бачев може да се спремат за изборен пораз на било какви избори, тие веќе се завршена приказна, дел од темното минато“, се вели во реацијата на СДСМ.