Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Русија: Продолжува истрагата за уапсените украински морнари

Pixabay

Прелиминарната истрага за украинските морнари кои беа уапсени по инцидентот кај теснецот Керч ќе биде продолжена до 25-ти мај годинава, објави извор запознаен со истрагата за ТАСС.

Дваесет и четири украински морнари и три украински брода беа запленети од страна на руските служби минатата година и тие се обвинети за нелегално преминување на руската граница.