11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Коѕијас: Северна Македонија, добредојде во нашите животи

Поранешниот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, кој е еден од потписниците на преспанскиот договор, го поздрави гласањето во македонскиот парламент коментирајќи дека историјата треба да биде училиште, а не затвор, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

„Разговарав со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Се присетивме на тешкотиите, заморот, тензиите, довербата и надежта со кои се соочивме додека работевме на договорот“, вели Коѕијас во коментар на социјалната мрежа „Твитер“.

„Сонувавме за заедничка иднина на двата народа. Северна Македонија, добредојде во нашите животи“, напиша Коѕијас на социјалната мрежа. (Makfax)

Спонзорирано: