4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев со силна порака: Да ги кренеме главите, да се издигнеме над нашите делби и поделби за да гледаме како гордо се вее нашето знаме пред НАТО во Брисел

Да ги кренеме главите, да се издигнеме над нашите делби и поделби за да гледаме како гордо се вее нашето знаме пред НАТО во Брисел. Пред нас се белите листови на нашата иднина. Наместо со горчина и гнев, од денеска натаму заедно да ги испишуваме овие страници со разбирање, со надеж, со заедништво, со солидарност, со взаемна радост. За нашата иднина, за иднината на нашата заедничка граѓанска и македонска држава.

Наша одговорност е да ги поведеме нашите граѓани кон безбедна, стабилна, економски силна, заедничка држава. Како на избрани членови на овој парламент, но посебно како на одговорни граѓани и личности, ве повикувам да бидете дел од оние кои ќе ја однесат нашата земја во заедничка подобра иднина.