8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заедничко соопштение на Влада на Република Македонија и партијата БЕСА

Сакаме да ја информираме јавноста дека е постигнат договор со кој се надминати разликите за коишто информиравме дека постојат, се вели во заедничкото сооопштение на Владата и Беса.

Уште еднаш потврдуваме дека државјанството е македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, при тоа прифатен е амандман на Уставниот закон со кој се потврдува државјанството македонско/граѓанин на Република Северна Македонија и се појаснува како ќе гласи за граѓаните Албанци на албански јазик, и ќе се утврди во сите закони каде што е тоа потребно.
Истовремено, се прифати амандманот на уставниот амандман XXXVI со кој се потврдува дека Републиката подеднакво води грижа за дијаспората на сите свои граѓани.

Дополнително во законот за лична карта ќе се впише и етничката припадност на граѓаните.