4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Демонстрантите до пратениците: Не ја силувајте државата, избрани сте од народот а не од Заев

Граѓаните кои протестираат пред Собранието на Република Македонија на пратениците им порачаа дека нема основ да бидат изгласани уставните промени и дека она што се прави во законоданиот дом е силување на нацијата и државата што во ниту еден случај не смее да помине.

„На пратениците треба да им влезе во глава дека се избрани од народот, а не од Заев и СДСМ и треба да мислат добро за народот и оваа држава.Нема основ да се разговара, преговара и на да се носат одлуки за промена на уставот. Ова е силување на нацијата, на државата и на никој начин не смее тоа да се одобри и помине“, велат демонстрантите.

Тие сметаат дека денеска, спротивно на волјата на граѓаните ќе бидат изгласани уставните промени бидејќи. Демонстрантите обвинуваат дека пратениците се поткупени и под притисок на Европа и Америка,

„Денеска најверојатно ќе се изгласа бидејќи сите тие внатре се добро поткупени од западна Европа и Америка. Сето ова е фарса, но сепак народот излезе да си го каже своето незадоволство дека не се согласува со политиките на актуелната власт што се виде и од резултатите на референдумот кој не беше валиден“, велат граѓаните од пред Собранието на РМ.