Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Премиерот Заев им честита на граѓаните и пратениците за уставните измени: Заедно ги отворивме портите за НАТО и ЕУ

-Им честитам на граѓаните и на пратениците за преземената одговорност за уставните измени со којашто заедно ги отворивме вратите на НАТО и ЕУ за Република Македонија.

Во исто време, изразувам благодарност до генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за честитката којашто телефонски ми ја упати вечерва, и со која на сите граѓани на нашата земја го честита историскиот успех и новите перспективи кои се отвораат пред нас, рече Зоран Заев, премиер на Република Македонија.