12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ципрас му честита на Заев

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, му честита на својот колега Зоран Заев за исходот од парламентарното гласање за уставните измени поврзани со договорот за името со Грција, соопшти кабинетот на Ципрас, пренесе весникот „Катимерини“.

„Премиерот Алексис Ципрас контактира со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, и му честита за успешното завршување на процесот на ревизија на Уставот врз основа на договорот од Преспа“, соопшти кабинетот на Ципрас.

Во Собранието вечерва, со 81 глас, пратениците ги изгласаа уставните амандмани. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на собраниската седница.

Спонзорирано: