11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тешка несреќа на снегот во Скопје: Жена итно однесена на Клиника

Во 18.45 часот на улица „Бутелска“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Туарег“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот С.П.М. од Скопје и патничко возило „Рено 9“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 18-годишниот М.П. од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 48-годишната И.П. сопатничка во возилото „Рено“.

Таа била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје каде и била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Спонзорирано: