13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Стопирал на пат – му застанал лично претседателот

Личноста која на Хералд Акоста му понудила превоз со својот автомобил, му рекла дека може да го пренесе само до претседателската палата, а младиот автостопер наскоро сфатил и зошто! Зад воланот бил лично уругвајскиот претседател Хосе Мухика.

Тоа е барем она што Акоста им го раскажал на новинарите од дневниот весник Ел Обсерваторе, наведувајќи дека Мухика го собрал додека стопирал.

Тој рекол дека десетина автомобили поминале покрај него, додека стоел со подигнат палец на автопат на југозападот на Уругвај.

Не ги препознал веднаш патниците во автомобилот кои конечно застанале и го превезле, иако „жената му се причинила многу позната“.

„Кога влегов во автомобилот си помислив дека оваа жена ми е од некаде позната“, раскажало момчето алудирајќи на сопругата од Мухика, Лусија Тополански.

После извесно време сфатил кои се неговите сопатници.

Спонзорирано: