9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски јавно призна дека ќе стори сѐ Македонија да не влезе во ЕУ и НАТО

Откако се сведе на портпарол на Јанко Бачев, антизападниот пион Христијан Мицкоски јавно призна дека ќе стори сѐ Македонија да не влезе во ЕУ и НАТО, велат од опозицискиот СДСМ.

„Занесени во спроведувањето на антизападните и антидржавни наредби од нивниот шеф, кукавицата бегалец Никола Груевски, Мицкоски и Бачев заборавија колку граѓаните и Македонија се поголеми од нив“, се наведува во партиското соопштение.

„Македонија е поголема од антизападните маргиналци Мицкоски, Бачев и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа Никола Груевски многу добро го знае. Граѓаните ги поразија деструктивните политики на Мицкоски и Груевски, го поразија режимот. Граѓаните не сакаат да се вратат во темното минато туку одбраа светла иднина во ЕУ и НАТО“, истакнуваат од СДСМ.