5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Романија официјално го презеде претседавањето со ЕУ

Романија синоќа официјално го презеде претседавањето со Европската Унија од Австрија, која претседаваше во претходните шест месеци.

Свечената церемонија се одржа во Букурешт во присуство на највисоки домашни политички претставници и сојузници на Унијата. На церемонијата присутвувале и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, претседателот на Европскиот довет, Доналд Туск, претседателот на Романија, Клаус Јоханис, и премиерката Виорица Данчила.

Јоханис рекол дека неговата земја ќе работи за ЕУ да биде единствена и силна, додавајќи дека во моментов најголеми предизвици се брегзитот, миграциите и прашањето за безбедноста.

Јункер рекол дека Романија се наоѓа во самиот центар на Европа и дека ЕУ без Романија не би била целосна.

Спонзорирано: