13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Ројтерс“: Новинарите се зад решетки бидејќи оние кои се на власт сакаат да ја замолкнат вистината

По одлуката на судот во Мјанмар за отфрлање на жалбата на двајцата новинари на „Ројтерс“, кои се осудени на седум години казна затвор поради кршење на законот за државна тајна, главниот уредник на „Ројтерс“, Стивен Адлер, рече дека оваа судска одлука е уште една неправда од многуте кон нивните новинари.

„Тие се зад решетки поради една причина – оние кои се на власт сакаат да ја замолчат вистината”, рече Адлер.

Судијата Аунг Најнг изјави дека адвокатите не доставиле доволно докази за да ја докажат невиноста на нивните клиенти. „Изречена е соодветна казна”, изјави судијата, објави агенција Ројтерс.

Новинарите беа осудени во септември минатата година во случај кој привлече големо медиумско внимание и многумина го сметаат за тест за напредокот на оваа земја кон демократијата.

Во изрекувањето на пресудата, судијата тогаш рече дека новинарите го прекршиле Законот за службени тајни преку собирање и добивање на доверливи документи.

Новинарите се осудени на седум години затвор, а времето поминато во притвор – од 12 декември 2017 година ќе биде вклучено во времетраењето на казната, рече судијата.

Двајца новинари на судењето изјавија дека двајца полициски службеници им ги предале документите во еден ресторан, додека други двајца за краток период ги уапсиле.

Еден полициски службеник тогаш посочи дека тоа било замка за новинарите.

Спонзорирано: