Раздвижено во зградата на ВМРО ДПМНЕ – Мицкоски ги свика и пратениците

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, свика седница на Извршниот комитет на партијата, потврдија извори за „Макфакс“.

Тие ќе разговараат за актуелната состојба поврзана со уставните измени. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во средата ја напушти собраниската седница на која се расправа за уставните измени, со образложение дека тие нема да дадат легитимитет за промената на Уставот и дека ќе го искористи своето право на демократски протест, по што со неговите сопартијци се приклучија на протестот на „Македонија блокира“.

Седницата за уставните измени во Собранието по неколку неуспешни обиди вчера е презакажана за денеска.