Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Нов тренд од утрово ги преплави социјалните мрежи: Граѓаните масовно споделуваат заеднички фотографии со премиерот Зоран Заев – Силна поддршка за процесите што следуваат

Премиерот Зоран Заев добива силна поддршка од граѓаните кои ја изразуваат преку масовно објавување на заеднички фотографии со премиреот на социјалните мрежи.

Интересно е што ваквата поддршка ја даваат граѓани од различна етничка и верска определба, а она што е уште поинтересно поддршката ја добива и од граѓани кои гласале за пратеници кои сега сакаат да го блокираат процесот.

Ваквиот тренд започна од синоќа, кога повеќе високи функционери ја дадоа поддршката.

Над секоја фотографија се изразува силна поддршка кон премиерот кој ги започна храбрите процеси кои треба да ја турнат Македонија напред.

Сето ова се случува откако неколкумина пратеници од крило на албанската политичка партија, но и опозициската македонска партија се обидуваат да ги укочат процесите на Македонија кон пристапување на ЕУ и НАТО и да го блокираат решението со Грција, за што сериозна загриженост изразуваат највисоки претставници на меѓународната заедница.

Заев ги пребројува пратениците, неизвесен е почетокот на седницата

Постојаното одлагање и презакажување на седницата за уставните амандмани продолжува и денеска. Неофицијално е презакажана за 15 часот, но како што брифираат дел од пратениците, седницата ќе почне кога ќе биде обезбедено двотретинското мнозинство.

Премиерот Зоран Заев од утринава одржува средби со пратениците кои условуваат да гласаат за уставните измени ако се исполнат дел од нивните барања. Последните информации се дека Заев веќе се сретнал со пратеничката осумка независна од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, како и со претставници на Беса на Биљаљ Касами, кои не сакаат да отстапат од барањето за прецизна формулација на државјанството каде што наместо „македонско“ во документите на албански да стои „државјанин на Република Северна Македонија“.

Неофицијално има напредок во преговорите.

Според неофицијални информации на Макфакс Заев разговарал и со дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но оттаму не потврдуваат со образложение дека Христијан Мицкоски има состанок со пратеничката група.

Сепак, не ја исклучуваат можноста да има нови исклучувања ако некој не ја послуша партиската директива и гласа за уставни промени.

Во тренд…