11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Напладне нов обид за одржување на седницата за уставни измени

Пратениците денеска точно напладне би требало да расправаат за уставните измени за промена на името на државата. 75-тата седницата за уставните измени, по вчерашните неколку обиди да почне и по неколкуте презакажувања, не се одржа, па беше презакажана за денеска во 12 часот.

Вчера премиерот Зоран Заев имаше координативните состаноци со Беса на Биљаљ Касами и со пратеничката група составена од осумте независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Како што претходно објавивме, неофицијално, се остави простор за уште еден обид за постигнување договор помеѓу премиерот Заев со Беса на Касами. Неофицијално, еден од предлозите за кои се обидувале да се договорат е наместо терминот „македонско“, во документите на албански јазик да пишува „од Македонија/ граѓанин на Република Северна Македонија“ по инсистирањето на Беса на Касами да се разграничи државјанството од етничката припадност. Овој предлог неофицијално не бил прифатлив за осумте независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

За усвојување на уставните амандмани во Собранието потребно е двотретинско мнозинство.

Спонзорирано: