9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Могерини и Хан го поздравија менувањето на Уставното име на Македонија

– Ние ги искажуваме нашите искрени честитки за гласањето на Парламентот за уставните измени денес. Ова е клучен чекор во спроведувањето на историскиот договор во Преспа.

Политичките лидери и граѓаните ја покажаа својата решеност да ја искористат оваа уникатна и историска можност во решавањето на еден од најстарите спорови во регионот и решително да напредуваат на патот на Европската унија. ЕУ силно го поддржува овој договор кој поставува пример за помирување за регионот и за Европа како целина.

Додека го очекуваме завршувањето на следните чекори што ќе доведат до целосна имплементација на Преспанскиот договор, Европската унија останува цврсто решена да продолжи да ја поддржува и да ја придружува земјата кон својата заедничка стратешка цел за интеграција во ЕУ, се вели во соопштението на високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан во врска со финализирањето на уставните измени за спроведување на Преспанскиот договор