Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Македонија тргнува напред: Ексклузивно ги исцртуваме наредните чекори – Што следува сега?

Македонија во следниот период станува Република Северна Македонија, откако беа изгласани амандманите за промена на Уставот.

Centar.mk успеа да Ви долови дел од чекорите кои ексклузивно ги објавуваме, а ќе следуваат во следниот период.

Јануари – Април 2019-та
Македонија го започнува процесот за членство во НАТО преку ратификацијата на Протоколот за членство во националните парламенти на 29 земји членки на НАТО. Сето ова може да трае и една година, но како што дознава Centar.mk Грција ќе биде првата земја членка која е го ратификува протоколот за членство, во ист ден со Договорот.

Токму и ова е причината за посетата на германскиот канцелар Ангела Меркел, која е таму веќе два дена за изврши притисок за целосно реализирање на договорт

Април 2019-та
Европската комисија ќе објави извештај за реформите во Република Македонија и извештај од скринингот з апоглавјата кои ќе завршат со скринингот до април 2019-та

Најдоцна до Март 2020
Македонија станува 30-та членка на НАТО, Македонското знаме е поставено на јарбол пред централата на НАТО.

2020-2025 година
Течат интензивни преговори за члеството на Македонија во ЕУ, постепено се отвараат 35-те поглавја, а се зголемува и достапноста на ЕУ фондови.

Се исполнуваат обврските предвидени од Преспанскиот договор.

Најдоцна до 2025 година

Македонија се очекува да ги заврши сите обврски произлезени од преговорите за членство во ЕУ и да го потпише Договорот з апристапување.