9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Кирацовски со моќна порака по носењето на историската одлука: Македонци, со зачуван македонски идентитет, кои говорат македонски јазик стануваме дел од евро-атланското семејство

-Истрајноста, трпеливоста и мудроста се наши сојузници кога се бориме за животот на идните генерации, за судбината на државата, за благосостојбата на општеството.

За некои одлуки треба визија, храброст и решителност. Владата на Република Македонија, на чело со премиерот Зоран Заев и парламентарното мнозинство во Собранието на Република Македонија недвосмислено се издигнаа над личните и партиските интереси за да се остварат државните и националните стремежи.

Во овие историски моменти трасираме нов пат за иднината на нашата држава.
Македонци, со зачуван македонски идентитет, кои говорат македонски јазик стануваме дел од евро-атланското семејство.

Продолжуваме заедно да работиме за силна, просперитетна и напредна Македонија, напиша Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ и пратеник во Собранието.

Спонзорирано: