7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кинезинка се вратила во живот по 72 часа клиничка смрт

Една 26-годишна Кинезинка во источната провинција Фуџијан се вратила во живот по 72 часа клиничка смрт.

Кога на 1 јануари таа била итно дносена во болница, срцето забрзано ѝ чукало, а потоа застанало. Бидејќи ја згубила свеста, лекарите констатирале миокардитис – воспаление на срцевиот мускул и таа била прикачена на апарати.

„Машината што ја користиме може да ги извршува функциите на срцето и белите дробови. На тој начин го одржува дотокот на крв во срцето по срцев застој“, објаснува Јанг Ченбин од болницата на Универзитетот Сијамен.

Сепак, срцето на пациентката не проработело ниту по два часа. Докторите, меѓутоа, не сакале да ја прогласат за мртва, иако според терминологијата во клиничката медицина, таа веќе не била жива. Наместо тоа, била префрлена во одделението за интензивна нега каде што ги одржувале нејзиното срце, белите дробови и бубрезите.

„Таа е толку млада, а никогаш претходно не била болна. Затоа реков дека ќе сторам сé што е во моја моќ за да преживее“, изјавил Жанг Минвеи од одделот за интензивна нега, а пренесе РТС.

Следното утро нејзиното срце почнало повторно да пумпа крв, а во наредните 72 часа ѝ се вратила и свеста.

„Кога таа ги отвори очите, ја прашав дали е жедна, односно ѝ кажав да ми ја фати раката, доколку е. Кога го направи тоа, сфатив дека ни се врати“, раскажал доктор Жанг.

Спонзорирано: