10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Како со шоља кафе да дознаете какво ќе биде времето

Постојат различни методи за прогнозирање временските прилики, но овој е несомнено еден од најинтересните и најневообичаените.

Не станува збор за познатата уметност на гледање на кафе, туку привремена пренамена на црниот пијалак.

За разлика од техниките кои ги користат луѓето кои ја “предвидуваат иднината,” на кафе, анализата тука го прати движењето на меурчиња на површината на кафето.

Ставете кафе во чаша и додадете, ако сакате, млеко и шеќер за да добие што повеќе меурчиња и на тој начин да се олесни набљудувањето.

Ако тоа меурчиња брзо се “разбегаат” на рабовите од чашата, тоа е добар знак. Убавото време ќе се задржи барем во наредните дванаесет часа.

Ако, пак, долго време да останат во средината на чашата, значи дека ќе има краткотрајни врнежи.

Меѓутоа, кога меурчиња се групирани во средината, спремете палто и чадор, бидејќи тоа е знак кој најавува дожд.

Оваа “временска прогноза” често ја користат планинарите. Ако немате или не пиете кафе истата постапка може да се изврши со било кој друг топол пијалак, чај или какао.

Спонзорирано: