20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Храбра девојка се качи на бина на протестот пред Собрание и порача “Јас сум за НАТО” – Инцидент на протестот пред Собранието

За време на протестот пред Собранието демонстрантите од „Македонија блокира“ истуркаа девојка која се обиде да зборува од бината, јави Макфакс.

Девојката, која се претстави како Ангелина од Штип, се качи на бината сакајќи да одржи говор, но демонстрантите на сила ја симнаа, по што ја влечеа и истуркаа подалеку од бината.

Таа извикувајќи „Јас сум за НАТО“ се обиде да се обрати пред присутните, но беше спречена од демонстрантите.

Демонстрантите ја отстранија девојката со осуда дека е инфилтрирана од СДСМ и ја нарекоа провокаторка на Заев.

Дел од учесниците почнаа да ги навредуваат снимателите и новинарите кои сакаа да го снимат инцидентот и сакаа да им ги земат камерите.

Извикуваа „Марш провокатори“, „Марш душмани“, „Доле камери.“, пренесе Макфакс.

Спонзорирано: