12.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Седницата се очекува да започне по 17 часот

Околу 17 часот ќе продолжи седницата на Македонскиот парламент во однос на последната фаза од Уставните измени што значи и целосна реализација и испочитување од македонска страна на Преспанскиот договор.

Со над 80 гласа, меѓу кои и оние на власта, дел од пратениците на ВМРО ДПМНЕ, но и Беса се очекува да бидат изгласани Уставните измени.

По речиси напорни и исцрпувачки преговори како што прв во Република Македонија објави претходно (во 15 часот и 22м) Centar.mk, дојдено е до разумен договор меѓу Власта и делот од Беса кој реши сепак да застане на вистинската страна на историјата, коментираат извори. Барањата на Беса ќе се имплементираат преку Законски решенија, а не преку Уставни промени.

Не се исклучува можноста ваквиот чекор да го следат и нови пратеници од опозициската ВМРО ДПМНЕ, со што ќе се стави дознаење на Меѓународната заедница дека Македонија е обединета и решена да зачекори кон ЕУ и НАТО, дознава Centar.mk.

Меѓународната заедница порача дека ниту еден индивидуалец или политичка сила не смеат да ја држат иднината на Македонија во заложништво во овие историски моменти.

 

 

Заев се договори со Касами, потврди Костадинов

Премиерот Зоран Заев постигна договор со Беса на Билал Касами, потврди портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој не откри за што се договориле Заев и Касами и најави дека ќе следува заедничко соопштение. Неофицијално барањата на Беса ќе се регулираат со друг закон.

Костадинов истовремено демантираше дека се врши притисок врз пратениците да гласаат за уставните измени, додавајќи дека никој не им се заканува.

Спонзорирано: