10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бачев: Ќе го притиснеме Иванов да испрати писмо дека договорот не е валиден

Лидерот на „Единствена Македонија“ и еден од говорниците на протестите пред Собранието, Јанко Бачев изјави дека и да се изгласаат уставните измени, уште нема да биде сѐ завршено, бидејќи претседателот Ѓорге Иванов би можел да испрати писмо дека договорот не е валиден.

„Ова е само дел. И да изгласаат уште не е се завршено. Ако изгласаат, потоа треба да се гласа во Грција. Потоа Заев да испрати писмо дека Македонија го сменила името до Обединетите Нации. Тогаш, Иванов ќе го притиснеме да испрати писмо дека договорот не е валиден, а потоа сѐ ќе се проблематизира. Иванов мора да го направи тоа, со што ќе каже дека македонскиот народ не се соглсува со одлуката“, рече Бачев.

Лидерот на „Единствена Македонија“ гледа спас во Русија. Вели дека Русија ќе го поддржи него и македонскиот народ и дека народот не се согласува со примената на името. Во врска со осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои ги поддржаа измените, Бачев верува дека тие нема да имаат мир, по гласањето.

„Ова е страшен план. Овие осум пратеници нема да имаат мир. Ќе се најдат други пратеници да пропеат и да кажат што се случува. Поткупени се и уценети, но се ќе се реши“, рече Бачев на протестите пред Собранието.

Спонзорирано: