9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во Маврово 73, на Шапка 40 сантиметри снег

Во Маврови Анови снежната покривка достигна 73 сантиметри, додека во Попова Шапка паднаа 40 сантиметри снег. Во Крушево има 39 сантиметри, 33 во Битола и Охрид, 32 во Претор и Пожаране, 30 во Лазарополе, 27 во Тополчани, 24 во Дебар, 21 во Ѓуриште, 16 во Тетово и Берово, 15 во Струмица и Прилеп.

Најниски температури ноќеска се измерени во Тетово, Маврово и Крушево -7, -6 во Лазарополе, -5 во Скопје, Крива Паланка, Прилеп, Куманово, -4 во Битола, Штип, Демир Капија, Виница, Струмица, Дебар, -2 во Претор, Гевгелија, Берово, Дојран, -1 во Охрид.