3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Здравството е во хаос

Хаосот во здравствениот систем е сè повеќе очигледен. Народот виде дека Заев и Филипче донесоа црнило во здравството, реагира ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на СДСМ.

„Во предизбориетo Заев ветуваше бесплатно лекување за сите граѓани на Република Македонија. Токму тоа Заев го има ветено на митинг на 2 декември 2016 година – ‘Ви реков болничко лекување ќе биде бесплатно за сите. За секој да може да биде болнички згрижен ако има потреба од тоа, никој да не страда’. А, сега делумно го обезбедува за одредени групи граѓани. Очигледно манипулацијата му е главна алатка. Македонскиот народ нема кратко паметење. Со самиот почеток на оваа година не само што сите граѓани не добија бесплатно болничко лекување туку и се зголеми партиципацијата. Врз основа на самата партиципација што ја плаќаат пациентите е покачена за дури околу 20-30 oтсто, тоа значи дека пациентите ќе плаќаат поскапо. Затоа граѓаните ќе го казнат Заев и Филипче за сите овие црнила и злодела кои му ги нанесуваат на здравството“, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Спонзорирано: