3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

(Видео) Илјадници луѓе во Австрија заробени поради снежните врнежи, осум лица го загубија животот

Илјадници луѓе останаа заробени во своите домови во Австрија поради обилните снежни врнежи. Многу од нив се целосно отсечени од остатокот од земјата, а досега неколку лавини ширум земјата однесоа осум човечки животи.

Повеќе од 40 градови во неколку покраини се отсечени од остатокот од Австрија и надлежните служби не можат да стигнат до голем број граѓани. Неколку области во земјата се прогласени за кризни зони.

Повеќе од 1 200 војници се вклучени во спасувачките акции и ослободување на граѓаните од градовите кои целосно се под снег.

Властите во четири покраини прогласија и највисоко, односно петто ниво на опасност од снежни одрони. Речиси секојдневно се објавуваат вести за жртви од лавини и досега во снежните одрони осум лица го загубија животот.

https://www.youtube.com/watch?v=_MecMZ5ZSh8

Спонзорирано: