11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вебер смета дека спорот меѓу Атина и Скопје мора да се реши

Лидерот на Европската народна партија, Манфред Вебер, кандидат за претседател на Европската комисија во претстојните избори, изјави дека е неопходно решение за спорот меѓу Атина и Скопје и отворање на европската перспектива за Македонија.

„На сите ми е јасно е дека прашањето за името на Македонија мора да се реши и да се овозможи позитивна економска и европска иднина”, кажа Вебер во изјавата за „Еуроактив“.

Тој беше критикуван дека не се изјаснува по повод договорот од Преспа и околу ставот на грчката опозициска партија Нова демократија, која е членка на Европската народна партија (ЕПП).

Според првиот човек на Европската народна партија, одговорноста за спроведување на договорот за Преспа и неговата финализација е во рацете на властите во Атина, за што е потребна и поддршката на грчката опозиција.

Германскиот европратеник Елмар Брок од ЦДУ очекува дека Нова демократија ќе го прифати преспанскиот договор по неговата ратификација во грчкиот парламент.

Тој истакнува дека ова прашање беше дел од дискусијата во Европскиот парламент и дека Нова демократија се изјасни дека ќе го почитува ратификуваниот договор кога ќе биде во позиција да управува со грчката влада.

Брок очекува дека договорот од Преспа ќе биде високо на агендата на состанокот кој денеска и утре во Атина го има германската канцеларка, Ангела Меркел, со грчкиот државен врв и лидерите на опозициските партии.

Брок очекува Меркел да ја повтори поддршката на преспанскиот договор и на обезбедувањето на неопходно мнозинство во грчкиот парламент за негова ратификација.

Спонзорирано: