15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Татко и син нападнаа полицаец

Вчера околу 11.00 часот на влез во село Радуша, скопско, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „Фиат“, без регистарски ознаки, а управувано од 22- годишниот Б.Ф од село Радуша.

Возилото не застанало, туку продолжило со движење. По преземени мерки, Б.Ф. бил забележан пред неговиот дом во село Радуша, кадешто тој и неговиот татко Н.Ф. (56) физички нападнале полициски службеник.

Б.Ф. и Н.Ф. се приведени во Полициската станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Спонзорирано: