13.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Стапката на невработеност во ЕУ стабилна

била стабилна, односно изнесувала 6,7 отсто.

„Ова е најниската стапка на невработеност што сме ја забележале во ЕУ 28 кога почнавме со месечните извештаи од јануари 2000 година“, велат од Евростат.

На годишно ниво стапката на невработеност во ЕУ паднала 0,6 отсто во споредба со истиот месец минатата година кога таа изнесувала 7,3 отсто.

„Сезонската стапка на невработеност во еврозоната ЕА19 изнесуваше 7,9 отсто во ноември 2018 за разлика од претходниот месец кога изнесувала 8,0 отсто и 8,7 отсто во ноември 2017“, велат од Евростат.

Еврозоната ЕА19 ги претставува земјите членки што користат само една валута – евро, а ЕУ28 ги опфаќа сите земји членки на Унијата.

Според официјални податоци, речиси 16,5 милиони мажи и жени во ЕУ28, од кои 13 милиони во еврозоната биле невработени.

Евростат вели дека најниската стапка била забележана во Република Чешка (1,9 отсто) и Германија (3,3 отсто), а највисоката стапка на невработеност се забележува во Грција (18,6 отсто) и Шпанија (14,7 отсто).

Спонзорирано: