Орбан: Прва цел на Унгарија е антимигрантско мнозинство во ЕП

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, изјави дека би сакал антимигрантските партии да остварат мнозинство на изборите за Европскиот Парламент закажани за мај годинава.

Според него, тоа би довело до слични промени и во извршната власт во Европската Унија.

„Прва цел на Унгарија е да обезбеди антимигрантско мнозинство во ЕП, потоа во Европската комисија и потоа, како што на националните избори би се менувал политичкиот пејзаж на континетот, и во Европскиот Совет, каде што националните лидери ги носат најважните одлуки во име на ЕУ“, рече Орбан.