Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Мерцедес за 1500 евра – УЈП почна да продава запленети возила за “џабе”

Управата за јавни приходи објави оглас за јавна аукција на движни и недвижни ствари запленети од даночните обврзници.

На аукцијата се продаваат мерцедеси, фиати, алфа ромео, како и КИА и цитроен по почетна цена од 1.000 до 1.500 евра. На продажба се и уметнички слики, компјутери, телевизори уметнички слики, солариуми…

На електронската јавна аукција може да учествуваат само оние лица кои успешно се регистрирале и претходно уплатиле депозит во висина од 10 отсто од утврдената вредност на движните или недвижните ствари, најдоцна до 16.01.2019 година (среда), на трезорска сметка на Министерство на финансии.

Учесникот кој дал најповолна понуда за движна ствар е должен веднаш да ја уплати разликата од купопродажната цена, а најповолниот купувач на недвижната ствар, во рок од 8 (осум) дена од денот на заклучување на електронската јавна аукција. Во спротивно, продажбата со решение се огласува за неважечка, а купувачот го губи правото на враќање на депонираниот депозит. Стварите се продаваат по системот видено-купено, дополнително рекламации не се примаат. На понудувачите чија понуда не е прифатена депозитот им се враќа по заклучувањето на јавната аукција.

Повеќе информации на следниов линк.

извор: Фактор

Во тренд…