21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

4 работи кои морате да ги додадете во доручекот и килограмите ќе почнат да се топат

Здравиот доручек е сјајна работа – поради него се слабее, подолго сте сити и благодарение на здравиот доручек сте полни со енергија. Но, тоа важи ако знаете што јадете!

Додајте протеини

Кога стомакот ви е празен, произведува грелин, хормон на глад, а најефикасно го запираат протеините. Затоа навалете на јаткасти плодови, јогурт, варени јајца или органски путер од кикири.

Заменете ги слатките со солени јадења

Слаткиот доручек како снегулки, леб или палачинки е полн со шеќер. Овој доручек драматично го зголемува нивото на шеќер во крвта. Затоа попаметно ви е наутро да изедете некој поконкретен оброк. Исфрлете ги тестата и шеќерите.

Додајте масти

Со цел подолго време да останете сити, во доручекот додајте малку здрави масти, како оние од авокадо, кокосово масло, путер од бадеми, ленено масло и јаткасти плодови, секако, во помали количини.

Додајте зеленчук

Зеленчукот е полн со влакна и помага во работата на цревата, поради што треба да се најде на вашата чинија наутро. На пример, ако наутро јадете кајгана, додајте малку кромид, пиперка или спанаќ.

Спонзорирано: