10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тројца Сиријци убиени при експлозија на антитенковска мина поставена од ИД

Тројца Сиријци загинале, а петмина биле повредени како резултат на експлозија на противтенковска мина поставена од милитантите на терористичката Исламска држава во сириската провинција Хама, објави државната новинска агенција САНА во вторникот.

Агнецијата, цитирајќи извор во полицијата во Хама, објави дека експлозијата се случила во близина на населбата Тал Марага, во источниот дел на провинцијата Хама, на границата со провинцијата Алепо.

Таквите инциденти во Сирија станаа доста чести бидејќи терористите оставија зад себе многу експлозивни направи кога ги напуштаа населбите под притисок од сириската армија.

Спонзорирано: