6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Снегот вечерва почна да прави проблеми: АМСМ со информација

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови наместа со остатоци од снег на коловозот. Врнежи на снег со променлив интензитет има на целата територија на Македонија.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: На патниот правец Велес – Штип, поради сообраќајна незгода сообраќајот се одвива забавено, во колона и забранет е сообраќај за тешки товарни возила.

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ : Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, планинските премини Ѓавато, Буково и Плетвар, Струга – граничен премин Ќафасан, патот Прилеп-Мак.Брод на планинскиот премин „Барбарос“ како и на патниот праевец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година. На овој линк ќе најдете повеќе информации што се подразбира под зимска опрема.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Спонзорирано: