6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Седницата за уставните амандмани презакажана за попладне, се чека новиот пратеник

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја констатираше оставката на пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев. Џафери ја презакажа седницата за 16 часот, на која на дневен ред се четирите измени на уставните амандмани.

Дотогаш, претседателот на Собранието очекува ДИК да го врачи уверението за новиот пратеник на листата.

Рубин Земон ќе седне на пратеничкото место на Тунтев, додека на позицијата координатор на пратеничката група на СДСМ доаѓа Јован Митревски, кој досега беше заменик-координатор заедно со пратеничката Соња Мираковска.

Спонзорирано: