11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

САД му го намалиле дипломатскиот статус на амбасадорот на ЕУ, „заборавиле” да го информираат Брисел

Администрацијата на Трамп незабележано ѝ го намали дипломатскиот статус на мисијата на Европската Унија во САД кон крајот на минатата година без да ги информира дипломатите за тоа.

Делегацијата на Европската Унија во САД, која претходно уживаше статус на амбасадор на национална држава, била сведена на „меѓународна организација” некаде кон крајот на октомври или почетокот на ноември 2018 година, изјавија официјални претставници на ЕУ за „Дојче веле“, кој прв ја објави приказната.

За да биде поголема навредата, никој не ја известил мисијата за промената, која станала очигледна на државниот погреб на поранешниот претседател Џорџ Х.В. Буш, на почетокот од декември.

За време на церемонијата амбасадорот на ЕУ, Дејвид О’Саливан, не бил повикан во вообичаениот приоритетен ред – кој почнува од амбасадорот со најдолг стаж до најновиот амбасадор – според кој би бил во првите 20 или 30. Наместо тоа, О’Саливан бил повикан меѓу последните од повеќе од 150 странски претставници, вели неименуван официјален претставник на ЕУ.

По откривањето на неусогласеноста во протоколот, дипломатите на ЕУ контактирале со американскиот Стејт департмент, кој одговорил дека заборавил да ги извести за намалувањето на статусот. Оттогаш, статусот на Саливан бил вратен на старото ниво, барем привремено.

Мисијата на ЕУ доби статус на амбасада на нацијата во САД од страна на администрацијата на Обама во 2016 година. Покрај тоа што е очигледно потценување, ако се покаже дека е трајно, намалувањето на статусот од страна на Трамп би можело да значи дека дипломатите на ЕУ ќе имаат помала важност за протоколот и потешко ќе добиваат пристап до американските официјални лица.

Спонзорирано: