11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Протест на ,,Македонија-блокира”: Предавници не го продавајте она што е македонско

,,Македонија – блокира” под засилно полициско обезбедување го започна протестот пред Собрание, каде што пратениците ја започнаа финалната фаза за усвојување на уставните измени. Тие извикуваат ,,предавници”, ,,издаици”, ,,платеници “, ,,Македонија, Македонија” и ги повикуваат пратениците и претседателот Ѓорге Иванов да им се придружат на големиот протест и да се спротивстават на промената на името. Тие бараат да влезат во Собрание, и го повикуваат претседателот да прогласи воена состојба.

,,Овде се дојдени од цел свет, дијаспората е тука, и сите Македонци. Другите што не се тука не ги сметам за Македонци и нема да ги сметам додека даваат поддршка да се смени уставното име. Им порачувам на пратениците да излезат овде и да ни се приклучат. Парите се трошат, но во историјата ќе бидат запишани како предавници. Македонија ќе опстане, дали денес или утре, Македонија ја било и ќе ја биде”, изјави Драган Угриновски од ,,Македонија – блокира”.

Тој јавно повика одговорен од полицијата да пушти група од тројца, кои ќе влезат на седницата и ќе им ги пренесат пораките од протестот на пратениците, со цел да не ги изгласаат уставните измени.

,,Полицијата не треба да ги брани овие издаици, тие се предавници, тие 120 кои се внатре треба да излезат надвор и да не поддржат. Да не им дозволиме да го сменат нашето име кое со векови постоело. Да го повикаме и претседателот Иванов да дојде овде и да ни се придружи и да прати порака”, додаде тој.

Угриновски вели дека за следните чекори дополнително ќе информираат, но деќа ќе останат пред Собрание се додека не заврши седницата, ќе вршат притисок и нема да дозволат да ги усвојат уставните измени.

(Makfax)

Спонзорирано: