3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Популарна актерка пронајдена мртва во нејзиниот стан во Сиднеј

Австралиската актерка и манекенка Аналис Бракенсик (46) беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Сиднеј, а причината за смртта сè уште не е позната.

Бидејќи актерката не одговарала на телефон, семејството и нејзините пријатели се загрижиле и ја известиле полицијата, која во неделата го нашла безживотно тело на Аналис во нејзиниот стан.

Во претходниот период актерката на својот инстаграм-профил објавуваше бизарни постови „за животот”, што дополнително ги загрижи нејзините пријатели и другари.

Паралелно со актерството Аналис се занимаваше и со манекенство, таа беше заштитното лице на организацијата „R U OK” која се занимава со менталното здравје и проблемот со самоубиство.

Актерката ја започна својата кариера во 1997 година во серијата Heartbreak High, а потоа играше во Home and away и Pizaa.