13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Млада девојка тешко повредена во сообраќајка во Виница

Во текот на вчерашниот ден во Виница 28- годишна девојка тешко повредена во сообраќајна незгода.

Вчера околу 17 часот и 25 минути на крстосницата од улиците Браќа Миладинови и Тошо Арсов во Виница се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возилоШеворлет лачети со штипски регистарски ознаки, управувано од 40- годишниот А.П од Виница, и патничко моторно возило Форд фиеста со штипски регистарски ознаки, управувано од 28- годишната Љ.К.М. од Виница.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Љ.К.М. и била пренесена за укажување на лекарска помош во Клиничката болница во Штип.

Се работи на расчистување на случајот.

Спонзорирано: