13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Македонските инспектори во акција: Влегуваат во многу фирми и бараат потврда дали сте го испочитувале овој Закон

Државниот инспекторат за труд прави засилени контроли во приватните фирми за исплата на К-15 на вработените, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Надзорот што почна од почетокот на годината ќе се спроведува до крајот на февруари, а инспекторите ги посетуваат правните субјекти од сите дејности, вклучувајќи ги и фабриките за производство на текстил и чевли.

„Засилениот инспекциски надзор во областа на производство на текстил и чевли е од причини што најголем број преtставки во изминатите години беа од работниците во наведените дејности. Напоменуваме дека во случаите каде ќе се утврди дека не е постапено согласно so законот и колективните договори, Државниот инспекторат за труд ќе преземе мерки согласно со закон“, велат од МТСП.

Од Министерството додаваат дека при инспекцискиот надзор ќе се проверува исплатата на регресот за годишен одмор (К-15), право коешто е утврдено со спогодба за изменување и дополнување на општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Во спогодбата е утврдено дека работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.

Истовремено МТСП ги повикува работниците неисплатата на К-15 да ја пријавуваат на дежурниот телефонски број на Државниот инспекторат за труд 15 131.

На вчерашната владина седница Владата го задолжи Државниот инспекторат за труд да изготви детална информација во однос на тоа како се спровела исплатата на регресот за годишен одмор.

Спонзорирано: