9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Јован Митревски e нов координатор на СДСМ

Јован Митревски доаѓа на позицијата координатор на пратеничката група на СДСМ, откако Томислав Тунтев поднесе оставка од пратеничкото место.

Досега Митревски беше заменик-координатор заедно со пратеничката Соња Мираковска.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната седница се очекува да ја констиатира оставката на Тунтев. На негово место како пратеник во Собранието ќе седне Рубин Земон.