13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Јапонците ќе си дремнат на работа – фирмите отвораат соби за одмор

Замислете да работите за работодавач кој, свесен дека веројатно не спиете доволно ноќе, ви дозволува да ги оставите работните обврски и да дремнете – и не само неколку минути навалени на вашето биро, туку да се одморите убаво во тивка соба наменета за дремка.

За многумина ова е само сон, не не и за Јапонците. Станува збор за една од мерките што ги преземаат компаниите во Јапонија за борба против епидемија на несоница која ја чини економијата околу 138 милијарди долари годишно.

Компјутерските компании најпрво ја прифатија ваквата мерка за да се справат со нервозните и непродуктивни вработени.

Минатата година ИТ-компанијата Nextbeat отиде чекор понапред и отвори две ,,стратешки простории за дремка” – една за мажи, а другата за жени во седиштето во Токио.

Ароматизираните простории располагаат со уреди кои ја блокираат бучавата, овозможувајќи им на работниците да дремнат на удобни лежаи. Мобилните телефони, таблетите и преносливите компјутери се забранети во овие простории.

Nextbeat, исто така, побара од вработените да ја напуштаат работата до 21 часот и да се воздржат од прекумерна прекувремена работа, што се смета дека е причина за смртност.

Една компанија дури нуди финансиски стимулации за да ги убеди своите вработени да избегнуваат прекувремена работа и да легнат што порано. Компанија за планирање свадби им доделува ги наградува со поени вработените кои спијат најмалку шест часа ноќе кои потоа можат да се разменат за храна во кафетеријата на компанијата. Со користење на апликација за следење на нивниот сон, работниците можат да акумулираат поени во вредност од дури 64 000 јени (458 фунти) годишно.

Истражувањето спроведено со помош на фитнес-програми во 28 земји покажа дека јапонските мажи и жени спијат во просек само 6 часа и 35 минути за една ноќ, 45 минути помалку од меѓународниот просек, што ги прави ненаспани.

Финските жени, пак, спијат речиси еден час подолго, со просек од 7,45 часа. Естонците, Канаѓаните, Белгијците, Австријците, како и Холанѓаните и Французите, сите добиваат релативно пристоен ноќен сон, според истражувањето.

Одделна анкета на произведувачот на здравствени производи, Фуџи Риоки, откри дека 92,6% од Јапонците на возраст над 20 години рекле дека не спијат доволно.

Советите за дремка од барем половина час претпладне ги прифатија и политичарите, откако Министерството за здравство упати ваква препорака.

Спонзорирано: