20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Проекти од повеќе министерства ќе се разгледуваат на првата владина седница за оваа година

На првата владина седница во 2019 година на дневен ред се предлог-програми за реализација на крупни проекти на речиси сите министерства, соопшти владината прес-служба.

На 114. седница пред министрите ќе се најде предлог-програмата за работа на Владата на Република Македонија во 2019 година.

Денеска Владата ќе ја разгледа информацијата за годишна програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2019 година, со предлог-одлука.

Министерството за здравство за денешната седница предлага дваесетина предлог-програми за претстојната година. Дел од нив се предлог-програма за задолжително здравствено осигурување на државјаните на Република Македонија, за систематски прегледи на учениците и студентите, понатаму предлог-програма за Здравје за сите, за лекување ретки болести, за задолжителна имунизација, за трансплантација, за рана детекција на малигни болести итн.

На предлог на Министерството за образование и наука на дневен ред се предлог-програмите за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, како и предлог-програмите за остварување и развој на дејноста во ученичкиот и студентскиот стандард за 2019 година.
Владата на 114. седница ќе одлучува за предлог-годишната програма за финансирање на железничката инфраструктура за 2019 година.

На предлог на Агенцијата за храна и ветеринарство, дел од владината седница е предлог-програмата за мониторинг на безбедност на храната во Република Македонија за 2019 година.

Дел од денешната седница се и предлог-програмата за инвестирање во животната средина за претстојната година, како и предлог-програмата за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2019 година.

Спонзорирано: